Дома Фудбал Модриќ одбил да направи медицински преглед со Милан – позната е причината!

Модриќ одбил да направи медицински преглед со Милан – позната е причината!

Лука Модриќ во понеделникот одигра уште една маестрална средба во дресот на Хрватска, во вторникот се појави на судењето на Здравко Мамиќ како сведок, а во среда требаше да направи медицински преглед во Загреб пред потпис за Милан. Меѓутоа, медицинскиот преглед не се одржа.

Оваа недела е исклучително бурна за Модриќ. Терени, суд, медицински преглед, потпис.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Легендарниот Хрват по 13 години го напушта Реал Мадрид. На масата има бројни понуди и без разлика што за неколку месеци влегува во петтата деценија може да избере каде ќе игра.

Во изминатите денови преговорите со Милан беа прилично интензивирани и се чинеше дека сè е готово. Но, во последен момент, играчот за врска реши да ги промени плановите.

Во четврток наутро италијанските медиуми објавија дека пропадна медицинскиот преглед договорен меѓу Милан и Модриќ.

Модриќ љубезно им објасни на претставниците на Милан дека сè уште не може да направи медицински преглед бидејќи е член на Реал Мадрид и од почит кон „кралевите“ тоа не може да го стори.

Според написите на медиумите од Апенинот, договорот меѓу Милан и Модриќ не пропаднал, Росонерите се сигурни дека добитникот на Златната топка им дал збор и дека ќе го одржи по завршувањето на настапите во САД.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси не чекаше многу, брзо му одговори на Роналдо за изјавата кај Морган!

Интервјуто на Пирс Морган со Кристијано Роналдо предизвика многу дискусии, откако познатио…