Дома Фудбал Мастантуоно ги мина лекарските прегледи, но нема да игра за Реал на Светското првенство

Мастантуоно ги мина лекарските прегледи, но нема да игра за Реал на Светското првенство

Идното ново засилување на Реал Мадрид Франко Мастантуоно денеска успешно ги помина своите лекарски прегледи како дел од трансферот од Ривер Плејт, соопшти Фабрицио Романо.

Како што е познато, договорот ќе биде за 45 милиони долари (40 милиони евра), а договорот на младиот талент ќе трае до летото на 2031 година. Аргентинецот ќе се приклучи на новиот тим дури на 15 август, само ден откако ќе наполнува 18 години, пишува AS.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така, Мастантуоно ќе игра на Светското клупско првенство во САД со дресот на Ривер Плејт. Мадридскиот печат потсетува дека желбата на аргентинскиот клуб беше нивниот младинец да остане во клубот до зимата, но на крајот преовлада намерата на Реал Мадрид да смета на него уште од сега.

Од Cadena SER велат дека новиот тренер Чаби Алонсо планира веднаш да го постави Аргентинецот како стартер на десната страна на нападот на тимот наместо Родриго, Арда Гулер и Браим Диас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлични вести за Ливерпул: Се враќа најскапото засилување во историјата на клубот

Ливерпул објави дека Мохамед Салах од наредната сезона нема да биде дел од тимот на „Црвен…