
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола даде многу јасен сигнал дека нема да се смета на Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Астон Вила беше изоставен од тимот на „граѓаните“ за Светското клупско првенство. Во составот сепак влегоа играчите купенипоследните неколку дена Рајан Аит-Нури, Тижани Райндерс, Рајан Черки и Маркус Бетинели.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Кевин Де Брујне не се најде на списокот, иако има договор до 30 јуни. Белгиецот го напушта клубот и е на чекор од договор со Наполи. Кајл Вокер, кој се врати по заем од Милан, исто така не е во составот. Родри е во групата, откако веќе е целосно опоравен. Матео Ковачиќ е повреден, а Џејмс Мекати одлучи да игра за репрезентацијата на Англија до 21 година.
Грилиш, кој има договор уште две години, веќе извесен период не е во плановите на Гвардиола. Врзниот играч сака да се бори за своето место, но клубот сака да се раздели со него ова лето. Интерес за него не недостасува, а се споменуваат имињата на Њукасл и Евертон. Огромната му плата е проблем, па пореален вариант е да биде пратен на заем, при што Ман Сити ќе продолжи да плаќа дел од неговото надоместување.