Дома Фудбал Ништо од Леао, Баерн ја купува шпанската ѕвезда

Ништо од Леао, Баерн ја купува шпанската ѕвезда

Баерн Минхен се насочува кон ангажирање на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, тврди „Билд“.

Баерн сака да ја засили криланта позиција, а прва опција беше Рафаел Леао, но Милан не сака да го продаде.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Изданието наведува дека Баерн го следи Вилијамс подолг период. Во неговиот договор има фиксна откупна клаузула којашто изнесува околу 60 милиони евра.

Неговото пристигнување на „Алијанц Арена“ стана уште поверојатно откако Лерој Сане не го обнови договорот и ќе се пресели во Галатасарај.

Вилијамс веќе дал согласност за трансферот и се договорил со Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на сагата: Решена иднината на Винисиус!

Винисиус Жуниор реши да стави крај на неоснованите медиумски шпекулации и објави дека ќе г…