Дома Останати Кошарка Битката за титулата во Евролигата може да се врати во Белград!

Битката за титулата во Евролигата може да се врати во Белград!

Според информациите од “Basketball sphere”, борбата за престижниот трофеј повторно ќе се одвива во српската метропола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белград веќе два пати беше домаќин на завршниот турнир во 2018 и 2022 година, при што Реал Мадрид и Анадолу Ефес ги освоија титулите.

И двата претходни турнири беа организирани на врвен начин од страна на Белград, што се покажа како силна предност за српската престолнина при изборот на градот-домаќин за финалето на Евролигата.

Ова би претставувало голем поттик за екипите на Партизан и Црвена Звезда, кои ќе продолжат со настапите во следната сезона на Евролигата.

Имаше интерес и од други градови, но Белград оствари најјасна и конкретна понуда.

Фото: Euroleague/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонец ќе го предводи нападот на ПАО од следната сезона

Панатинаикос го ангажира Елмин Расодер, македонски репрезентативец, кој минатата сезона бе…