Дома Фудбал Тотенхем го „краде“ менаџерот на Брентфорд?

Тотенхем го „краде“ менаџерот на Брентфорд?

Тотенхем неодамна го отпушти Ангелос Постекоглу, тренерот кој постигна ретко достигнување со освојување на трофеј по пауза од 17 години, и сега активно бара нов менаџер, официјално контактирајќи го Томас Франк.

Менаџерот на Брентфорд, Франк, стана главниот кандидат за замена на Постекоглу, а доколку данскиот стратег одлучи да се пресели кај Спарс, се претпоставува дека Брентфорд ќе добие обештетување поголемо од десет милиони фунти. Франк има договор со Брентфорд кој трае до 2027 година.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Според информациите од BBC, обештетувањето што Тотенхем би требало да му го исплати на Брентфорд, би се зголемувало за секој член од стручниот штаб што Франк би го понел со себе.

Постекоѓлу беше отпуштен во петокот, само 16 дена по финалето на Лигата на Европа, во кое Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед и обезбеди место во Лигата на шампионите. И покрај тоа што го врати клубот на патот на трофеите по толку долго време, сезоната во Премиер лигата која заврши со 17-то место и дури 22 порази, се покажа важна за неговото отпуштање.

Франк пристигна во Брентфорд во 2018 година, и во 2021 ја воведе екипата во Премиер лигата преку плеј-офот, со што Брентфорд стана стабилен премиерлигаш и покрај нискиот буџет.

Минатата сезона Брентфорд заврши на десеттото место, со 18 поени повеќе од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дарвин Нуњез не ја исклучува можноста за трансфер во Ал-Хилал

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е отворен за трансфер во саудискиот Ал-Хилал во услови н…