
Роберт Левандовски изјави дека неговата доверба била изневерена и е многу повреден од начинот на кој тренерот на Полска Михајл Пробиеж му соопштил дека е заменет како капитен на тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рекордерот по голови за својата земја веднаш објави на социјалните мрежи дека нема да игра за националната репрезентација под водство на Пробеж, кој ја донесе одлуката капитенската лента да му ја даде на халфот Пјотр Зелински.
“Носам лента 11 години, а во националниот тим играм 17 години. Ми се чинеше дека ваквите прашања треба да се решаваат на поинаков начин… не’ очекува важен натпревар, сето тоа беше соопштено по телефон. Навистина не треба така да се случи. Тренерот ми ја изневери довербата”, изјави Левандовски.