Дома Фудбал Готово: Сити го договори трансферот на Черки

Готово: Сити го договори трансферот на Черки

Манчестер Сити и Лион постигнаа целосен договор за трансферот на Реан Черки. Според „Екип“ договорот е за 35 милиони евра, додека „Ди Атлетик“ тврди дека сумата е 40 милиони.

Фабрицио Романо прецизира дека точната распределба е 35 милиони евра сега плус шест милиони во форма на бонуси. 21-годишниот фудбалер ќе помине прегледи утре и ќе потпише договор на пет години, така што трансферот ќе биде завршен навреме пред затворањето на вонредниот прозорец пред Светското клупско првенство.

До тогаш се очекува Манчестер Сити да ги објави и трансферите на Тижани Рајндерс од Милан и Реан Аит-Нури од Вулверхемптон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реан Черки имаше одлична сезона со дресот на „хлапетата“ и постигна 12 гола и 20 асистенции во 44 натпревари. Тој беше прогласен и за најдобар дриблер во Лига 1 на Франција. Минатиот четврток дебитираше за националниот тим за време на полуфиналето во Лигата на нациите против Шпанија, каде блесна со гол и асистенција.

Полусредниот играч имаше договор со Лион само уште една година, што го лиши клубот од можноста да добие повисока трансферна сума за еден од најпродаваните свои играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдено: Барселона го доби одговорот од УЕФА кој го чекаше!

Фудбалскиот клуб Барселона конечно ја доби дозволата за враќање на својот легендарен „Камп…