Дома Фудбал Обложувалниците ги објавија коефициентите: Ова се фаворитите за шампион на Вимблдон!

Обложувалниците ги објавија коефициентите: Ова се фаворитите за шампион на Вимблдон!

Зад нас е едно од најдраматичните финалиња на Грен слем турнир, каде Карлос Алкарас на неверојатен начин го сврти мечот кој веќе изгледаше загубен. Јаник Синер водеше со 0:2, имаше предност во брејкот и три врзани меч топки во третиот сет, но по епска борба во одлучувачкиот супер-тајбрејк, Шпанецот сепак стигна до победата и својата петта Грен слем титула во кариерата.

Веднаш по ова спектакуларно финале на Ролан Гарос, каде Карлос Алкараз и Јаник Синер потврдија дека се моментално најдобри играчи на планетата, обложувалниците ги објавија коефициентите за Вимблдон.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Познатиот Грен слем турнир во Лондон започнува за помалку од еден месец – на 30 јуни. Обложувалниците се уверени дека главните фаворити повторно се Јаник Синер и Карлос Алкараз и предвидуваат повторно нивно финале.

Синер моментално го држи првото место, Алкарас второто, а во согласност со тоа и коефициентите се поставени.

Коефициентот да Синер освои својот прв пехар на Вимблдон изнесува 2,63. Веднаш зад него, со нешто помал коефициент, е бранителот на титулата и двоен последователен шампион – Карлос Алкарас, за кого коефициентот е 2,70.

Ова можеби не е изненадување, но дефинитивно е изненадување коефициентот за најдобриот тенисер на сите времиња и седумкратен освојувач на Вимблдон. Коефициентот дека Новак Ѓоковиќ ќе го освои својот осми пехар изнесува 8!

Многумина ќе речат дека ова е подценување за човекот кој покажа дека и на свои 38 години може да се носи со младите сили. Тоа го докажа и на Ролан Гарос, каде можеби не му е најлесно поради подлогата, која бара поголеми напори на земјани терени.

Четврти фаворит е Џек Дрејпер, Британец кој е моментално петтопласиран светски играч, кој ќе има голема поддршка од домашната публика и кој поседува игра погодна за трева. На него коефициентот е 12.

Потоа следи Александар Зверев со коефициент 15, па Тајлор Фриц со коефициент 25, околу 30 е за Лоренцо Мусети и Данил Медведев, во зависност од обложувалницата. Потоа следуваат Алекс де Минор, Јакуб Меншик, Бен Шелтон, Хуберт Хуркач, Жоао Фонсека, Матео Баретини, Томи Пол, Холгер Руне…

Вимблдон започнува на 30 јуни и ќе трае до 13 јули, кога е закажано финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Вест Хем го отпушти Потер на така понижувачки начин?

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска реши да го ослободи од должност досегашниот тренер Греје…