Дома Фудбал Де Јонг се огласи за својата иднина: Јасно кажа што сака!

Де Јонг се огласи за својата иднина: Јасно кажа што сака!

Френки де Јонг јасно стави до знаење дека во неговите планови е само да остане во Барселона.

На собирот на фудбалската репрезентација на Холандија, Де Јонг даде интервју за медиумите во својата земја, каде зборуваше за преговорите со каталонскиот клуб.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


“Мислам дека ќе го продолжам договорот со Барселона. Иако не можам да бидам 100% сигурен, доколку се оди според планот, тоа ќе се случи. Моите намери и желби се да останам, а доколку и клубот го сака истото, ќе најдеме заеднички јазик без проблеми”, изјави Де Јонг.

Дополнување на целата приказна е одлуката на Де Јонг да се раздели од својот долгогодишен агент Дурсун.

“Не би сакал сега да го коментирам тоа”, рече Де Јонг.

Исто така, тој се осврна на притисоците кои ги преживеа пред да дојде Ханси Флик и пред да се врати во вистинската форма.

“Мислам дека луѓето претеруваат кога станува збор за мене. Имав сериозна повреда во Барселона од која долго се рехабилитирав. Оваа сезона можам да ја наречам враќање во полна сила, бидејќи навистина имав проблеми со зглобот. Сепак, сметам дека и пред повредата играв добро. Сега имаме подобар тим и постигнавме подобри резултати, па некои работи стануваат поочигледни”, забележа Де Јонг.

Холанѓанецот има договор до летото 2026 година, но се очекува наскоро да потпише нов.

Фото: Barcelona FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…