Дома Фудбал Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор Деко е негов голем обожавател, дури има близок контакт со агентот на играчот, но Каталонците не можат да ги исполнат финансиските барања на Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова го откри познатиот каталонски новинар Гилем Балаг, кој ја раскажа актуелната ситуација. 

“Деко е во добри односи со агентот на Луис Дијаз и Барселона навистина го почитува Колумбиецот, посебно затоа што имаат потреба да се засилат на левото крило. Но, тие се спремни да понудат меѓу 40 и 60 милиони евра. Од Ливерпул добија ваков одговор: ако Манчестер Јунајтед бара 100 милиони евра за Бруно, тогаш толку треба да биде и вредноста на Луис Дијаз. Барса нема толку средства и за нив е многу тешко да дадат повеќе од предложените 60 милиони. Со други зборови, ова за нив е невозможна мисија”, изјави Балаг.

Фото: Liverpool FC/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…