
Со оглед на очекуваното привлекување на Жоан Гарсиа од Еспањол и претстојното препотпишување со Војчех Шчесни, капитенот Марк-Андре тер Штеген е надвор од сметките на Барселона за голманската позиција за следната сезона, пишува „Спорт“.
Од изданието откриваат дека во клубот веќе смислиле план, преку кој да се разделат со германскиот репрезентативец на пријателски начин. Раководството на Барселона ќе му понуди на Тер Штеген да го раскинат договорот меѓу нив, кој е до летото 2028 година, и така играчот да најде нов клуб како слободен агент.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
За да го убедат искусниот голман да се согласи, Жоан Лапорта и неговиот тим ќе го компенсираат со целокупната големина на платите што играчот би ги добил како дел од договорот во текот на следната кампања.
До ваков договор сепак тешко ќе се стигне, бидејќи од јавните изјави на 33-годишниот голман останува впечатокот дека неговото расположение е да се бори за своето место во тимот и во новата сезона.