
Пред натпреварот со Белгија вечерва од Фудбалската федерација на Македонија објавија важни информации за сите навивачи кои ќе присуствуваат на стадионот.
Вратите на стадионот ќе бидат отворен иво 18:45 часот и од ФФМ апелираат сите што ќе присуствуваат да дојдат порано со цел да се избегне метеж.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
„Важни ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на вечерашниот натпревар против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“!
Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и да ја поддржиме нашата репрезентација!
Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место.
Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.
Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка.
На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.
Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност.
Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија!“, објави ФФМ.