Дома Фудбал Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селектор на Бразил не успеа да победи. Против Еквадор во квалификациите за СП играше само 0:0. Бразил три кола пред крајот на јужноамериканските квалификации е на четвртото место, со 12 бодови помалку од водечка Аргентина.

Сепак, благодарение на зголемувањето на бројот на учесници на СП, речиси е сигурно дека ќе се пласира, бидејќи од Јужна Америка дури шест од десет репрезентации директно одат на СП, а седмата игра дополнителни квалификации.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еквадор според сите показатели беше подобар од Бразил, чиј нов селектор после натпреварот прокоментира: „Игравме одлично во одбраната. Требаше да бидеме подобри со топката, играта мора да ни биде потечна, но нерешениот резултат е добар за нас. Условите беа сложени за поинаков стил на игра. Имавме добри шанси во првото полувреме“.

Италијанецот додаде: „Не сакам да барам извини, но не е лесно да се игра на теренот каков што беше денес. Еквадор добро се бранеше и не беше лесно да се најде простор помеѓу линиите. Мислам дека во следниот натпревар против Парагвај ќе биде поинаку, зашто ќе играме на домашен терен со повеќе ритам, подвижност и интензитет“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…