
Аргентинскиот новинар Јани Торе тврди дека Ванда Нара е во врска со некогашниот соиграч на Мауро Икарди од ПСЖ, Ашраф Хакими.
Се вели дека Нара сè уште има интерес за парискиот клуб откако започнала врска со поранешниот соиграч на аргентинскиот фудбалер.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
“Имам информација за играч на ПСЖ со кого Ванда се сретнува. Нара си ја задржала наклонетоста кон парискиот клуб бидејќи започнала врска со 26-годишниот поранешен соиграч на Икарди, Ашраф Хакими, кого го познава уште откако Мауро играше за ПСЖ,” изјави Торе.
Во прилог на оваа тврдња е и тоа што Ванда лично го следеше финалето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Интер во Минхен, при што нејзините симпатии беа наклонети кон Парижаните, што го потврди преку објавите на Instagram.
Таа сподели објава во која го истакна мароканскиот фудбалер како слави со соиграчите, придружено со натписот “Ви реков” на шпански јазик.

Понатаму, споменатиот новинар откри како сè започнало и кажа дека Ванда престојувала во хотелот во Минхен каде беа сместени сите фудбалери на ПСЖ и нивните семејства, а учествувала и во интимната прослава на европската титула во хотелот.
“Ванда снимаше реклама во Италија, потоа ѝ испратија авионска карта, резервација во хотелот и билет за натпревар,” додаде тој.
Да истакнеме дека врската меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара започна кога играчот беше во Сампдорија, а Нара тогаш беше во брак неговиот некогашен соиграч Макси Лопез.
Тие се разведоа во 2022 година, но наскоро се смирија, за потоа конечно да се разделат. Во тек е процесот на поделба на имотот меѓу поранешните брачни партнери.
Од друга страна, Хакими е сам по разводот од сопругата Хиба Абук во 2023 година, со која беше во брак три години.
Фото: Wanda/Instagram