Дома Фудбал Најголемиот фаворит гостува во Скопје: Македонија по изненадување против Белгија!

Најголемиот фаворит гостува во Скопје: Македонија по изненадување против Белгија!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра својот натпревар против најголемиот фаворит во групата од квалификациите за Светското првенство 2026. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски е европскиот фудбалски гигант, репрезентацијата на Белгија.

„Црвено-жолтите“ со висока самодоверба влегуваат во третиот квалификациски натпревар, откако на стартот остварија победа против Лихтенштајн и ремизираа со Велс на гости. Со четири освоени бода од првите два меча, Македонија моментално се наоѓа во горниот дел од табелата во Група J.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од друга страна, Белгија, предводена од селекторот Руди Гарсија го започнува својот квалификациски пат токму вечерва во Скопје. Тие го пропуштија мартовскиот циклус поради настапот во плејофот на Лигата на нации, што значи дека ова ќе им биде прв официјален натпревар во овие квалификации.

Maкедонија против Белгија досега одиграла четири натпревари во кои забележала реми и три порази. Ремизиравме во 1994 во рамките од квалификациите за Европското првенство на гости 1-1, а во истиот циклус на дома бевме поразени со убедливи 5-0.

Следните два натпревари ги одигравме во 2013 година во квалификации за Светско првенство, тогаш Белгија победи 0-2 во Скопје и 1-0 на свој терен.

Вечерва се очекува и да има голема бројка на публика на Арената и тоа сигурно ќе биде од корист на нашите момци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милинковиќ-Савиќ ги повика критичарите по натпреварот со Сити: Каде сте сега?

Српскиот фудбалер за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ (30) ги повика своите критичари откако …