Дома Фудбал Ливерпул го одби обидот на Барселона: Луис Дијаз не се продава

Ливерпул го одби обидот на Барселона: Луис Дијаз не се продава

Ливерпул ги одби обидите на Барселона да започнат преговори за трансферот на Луис Дијаз. Од „Енфилд“ велат – Колумбиецот не е за продажба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Колумбиецот стигна во Ливерпул од Порто во јануари 2022 година и има договор до крајот на јуни 2027.

Оваа сезона постигна 13 голови со седум асистенции на патот кон освојување на титулата во Премиер лигата.

„Многу сум среќен во Ливерпул, тоа секогаш сум го велел. Таму имав пријатно добредојде“, изјави Дијаз пред новинарите пред натпреварите кои неговата репрезентација ги игра против Перу и Аргентина.

„Преодниот рок почнува и се обидуваме да направиме што е најдобро за нас. Чекам да видам што ќе се случи. Ако Ливерпул ми понуди продолжување на договорот, ќе бидам задоволен. Но, ќе бидам среќен и ако само останам до крајот на договорот кој го имам сега. Зависи од нив, ќе видиме, ќе одлучам што е најдобро“, изјави Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите се собраа за новата мисија! (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска официјално ги стартува подготовките за…