Дома Фудбал Баерн подготвува понуда за Нико Вилијамс

Баерн подготвува понуда за Нико Вилијамс

Баерн Минхен ја разгледува можноста за ангажирање на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, тврди „Билд“. Спортските директори на баварскиот гигант, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, ќе ја следат играта на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао на полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Франција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изданието наведува дека Баерн го следи Вилијамс подолг период. Во неговиот договор има фиксна откупна клаузула којашто изнесува околу 60 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Вилијамс постигна 5 голови и 5 асистенции во 29 натпревари во Ла Лига.

Неговото пристигнување на „Алијанц Арена“ ќе биде уште поверојатно ако Лерој Сане не го обнови договорот. Германскиот репрезентативец ја разгледува финалната понуда од Баерн, која вклучува годишна плата од 15,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите се собраа за новата мисија! (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска официјално ги стартува подготовките за…