Дома Фудбал Донарума: Првата опција е да останам во Пари Сен Жермен

Донарума: Првата опција е да останам во Пари Сен Жермен

Голманот на Пари Сен Жермен и на националниот тим на Италија Џанлуиџи Донарума беше запрашан за неговата иднина. Ова се случи на прес-конференцијата на “скуадра азура” пред светското квалификациско натпреварување против Норвешка. Италијанецот има договор со ПСЖ до 2026 година, и очигледно чека нова понуда од европскиот шампион.

“Клубот ќе одлучи дали ќе го продолжи мојот договор или не. Се чувствувам добро во Париз. Не знам дали мојот агент имал средба со Интер Милано”, изјави поранешниот голман на Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Јас сум подготвен на сè, но првата ми опција е да останам во Париз – таму најдов баланс, тимот и навивачите ме сакаат, и се надевам дека ќе останам уште многу години. Можеби еден ден ќе се вратам и во Италија,” рече 26-годишниот фудбалер.

“Најдобриот период во мојата кариера? Мислам дека е ова што го доживувам денес. Имаше тешки моменти, на пример, кога се вратив во Коверчано, откако го напуштив Милан. Мислам дека не бев пречекан на начин којшто го заслужував. Сега сум среќен што ја пронајдов самодовербата и балансот,” заврши Џанлуиџи Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Шкупи со „кунг-фу“ удар го нокаутира ривалот, Тиквеш конечно победи (Видео)

Тиквеш конечно стигна до првата победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лиг…