Дома Фудбал Повеќе нема дилеми: Откриено и колку ќе заработува Модриќ во Милан!

Повеќе нема дилеми: Откриено и колку ќе заработува Модриќ во Милан!

Хрватскиот играч од среден ред, Лука Модриќ, ја продолжува својата фудбалска кариера во Милан, објави денес италијанската Gazzetta dello Sport.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Повеќекрарниот шампион на Европа, според претходната објава на Фабрицио Романо, испратил понуда до репрезентативецот на Хрватска, кој ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.

Модриќ наводно ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона, покрај договорените бонуси.

Договорот ќе трае една година со можност за продолжување на соработката до 2027 година.

Да потсетиме, Модриќ во септември ќе наполни 40 години, но очигледно и понатаму не сака да се повлече.

Тој е еден од најтрофејните играчи во историјата на Реал Мадрид и поранешен освојувач на Златната топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убав гест: Македонски репрезентативци ги изненадија младите футсалци во Бања Лука! (Фото)

Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната баз…