Дома Фудбал Италијанците тврдат: Фабрегас прифатил нов предизвик!

Италијанците тврдат: Фабрегас прифатил нов предизвик!

Францеск Сеск Фабрегас ќе стане новиот тренер на Интер од Милано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според новинарот Санти Ауна, Шпанецот ги договорил личните услови за соработка со “неразурите”.

Сега следува Интер да постигне договор со Комо за трансферот на младиот стратег.

Фабрегас (38) беше првиот избор на миланскиот клуб за наследник на Симоне Инзаги, кој замина од “Џузепе Меаца” по фијаското во финалето на Лигата на шампионите.

За Шпанецот, работата во Комо беше првиот тренерски ангажман, а во изминатата сезона освои одлично десетто место во Серија А со планови следната година да се бори за Европските купови.

Фабрегас минатите недели одби понуди да ја преземе Рома наместо Клаудио Раниери и Баер Леверкузен место Чаби Алонсо, бидејќи беше задоволен со тоа како Комо работи за него, но повикот од Интер очигледно беше неодолив.

Фото: Como1907/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…