Дома Фудбал Вирц го изгуби трпението и преку социјалните мрежи испрати жестока порака

Вирц го изгуби трпението и преку социјалните мрежи испрати жестока порака

Само прашање на момент е кога ќе биде постигнат договор помеѓу Ливерпул и Баер Леверкузен за трансферот на Флоријан Вирц во шампионот на Англија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако на својата маса имаше понуди од Баерн од Минхен и Манчестер Сити, Вирц го избра Ливерпул како клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера.

Откако тоа стана јасно, челниците на тимот од „Енфилд“ испратија прва официјална понуда која беше одбиена од Баер Леверкузен.

Договорот помеѓу двата клуба се уште се чека, а Вирц, практично случајно, потврди дека наскоро ќе премине на „Енфилд“.

Му здодеало да слуша за бројот 10, па одлучи да се огласи преку Инстаграм.

„Кој вели дека го сакам бројот 10. Ги почитувам играчите.

Не верувајте во сè што ќе прочитате“, напиша Вирц.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…