Дома Фудбал Сити ќе донесе капитално засилување: Ѕвездата на Милан на прагот на потпишување

Сити ќе донесе капитално засилување: Ѕвездата на Милан на прагот на потпишување

Манчестер сити сериозно се загрижи за целосна реорганизација на играчката екипа во следниот преоден рок, а едно капитално засилување практично го завршија.

„Граѓаните“ практично веќе го договориле преселувањето на Тијани Рејндерс на „Етихад“ стадионот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Ѕвездата на Милан во почетокот на годината потпиша нов договор со италијанскиот клуб, но тешко е да се одолее на повикот од Пеп Гвардиола и еден од најсилните клубови во Европа.

Рејндерс и Сити веќе постигнаа договор, а преговорите меѓу двата клуба се движат во добра насока. Наскоро треба да се официјализира соработката, но сè уште не е познато колку е обештетувањето за репрезентативецот на Холандија.

Сити прави сè што е во нивна моќ за да го потпише Рејндерс пред Светскиот клупски шампионат, така што Холанѓанецот веќе тогаш би можел да игра за „Граѓаните“. Но тоа не е сè. Сити работи и на доведување на играчот на Вулвс, Рајан Аит Нури, а тоа е само почеток на „реновирање“ на екипата на Пеп Гвардиола.

Рејндерс во 2023 година од Аз Алкмар премина во Милан за 20 милиони евра.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…