Дома Фудбал ВИДЕО Луди сцени во Босна. Играчите го нападнаа судијата, тој бегаше низ овоштарникот и ливадата​

ВИДЕО Луди сцени во Босна. Играчите го нападнаа судијата, тој бегаше низ овоштарникот и ливадата​

Нисколигашкиот фудбал е полн со луди и бизарни сцени во кои ниту еден учесник не е сигурен, а токму таква снимка ни пристигнува од Босна и Херцеговина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што пишува Klix.ba, инцидентот се случил на натпревар од Втората лига на Фудбалскиот сојуз на Тузланскиот кантон – група север.

На натпреварот меѓу ОФК Мионица и НК 12 Децембар Рајска гостите славеа со резултат 2:1, а незадоволните домашни навивачи и играчи на крајот од натпреварот се нафрлија врз главниот судија Ќамил Голаќ од Градачац.

Во желба физички да се пресметаат со него, домашните трчаа по него низ целиот терен, а на крајот Голаќ мораше да бега надвор од игралиштето. Засолниште најде на блиската ливада и во блиската шума каде што избегал со трчање, но на крајот сепак сè помина без посериозни последици.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…