Дома Фудбал Јамал фрли ракавица кон Дембеле: Да ја решиме битката за “Златната топка” во четврток

Јамал фрли ракавица кон Дембеле: Да ја решиме битката за “Златната топка” во четврток

Барселона имаше многу силна сезона, но остана во сенката на Пари Сен Жермен, кој со триумфот во Лигата на шампионите го заокружи својот блескав настап. Изминатите месеци истакнаа ривалство и меѓу Ламин Јамал и Усман Дембеле во врска со “Златната топка”.

Сега, во четврток, двајцата ќе добијат можност да се соочат врз директен дуел, бидејќи Шпанија и Франција ќе играат во полуфиналето на Лига на нации. Младиот играч од каталанскиот тим е согласен дека ова може да се смета како одлучувачки дуел помеѓу двајцата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Јас сум од оние кои гласаат за најдобриот во текот на целата година. Но, ако некој сака да ризикува сè во еден натпревар… епа, тогаш нека го одиграме тој натпревар“, изјави Јамал.

“Не размислувам за освојување на “Златната топка”. Сакам да уживам во играта, да настапувам добро и ако треба да дојде до мене, тоа ќе се случи“, изјави тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал изненаден од понудата за младиот талент, доволни беа добрите настапи против Сити

Во последниот пресврт на трансфер пазарот, Реал Мадрид стана главна тема благодарение на н…