
Грчката влада мораше да реагира поради скандалозното однесување на членови од Олимпијакос и Панатинаикос.
На сите страни се објавуваат изјави, навреди, скандали, наредби за апсење…
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Не станува збор за политичка кампања, туку за финалето на грчкиот шампионат меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, каде кошаркарскиот натпревар на овие ривали е познат како прашање „живот или смрт“.
Олимпијакос во неделата навечер го совлада Панатинаикос, но натпреварот беше обележан со голема доза на драма, исклучувања и сомнителни судиски одлуки, што создаде тензија на релацијата црвено-бели и зелени.
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, го одржа ветувањето и дојде на дербито, но беше навредуван и целен од трибините, што го доведе до судир со претставници на Олимпијакос.
Олимпијакос објави соопштение дека Јанакопулос упатил закани за силување на ќерката на сопственикот на нивниот тим и дека за него е издадена наредба за апсење, поради што наводно побегнал од местото.
Панатинаикос возвратија дека семејството на Димитрис Јанакопулос било навредувано, му било заканувано со смрт и тој бил принуден да ја напушти салата поради непријатните сцени.
Грчката влада мораше да интервенира. Третиот натпревар кој требаше да се одржи во ОАКА арената беше суспендиран, а можна е и целосна откажувања на финалната серија!
Владиниот портпарол Павлос Маринакис ја објави оваа одлука во понеделникот, истакнувајќи дека безбедноста е приоритетна, и дека без јасни гаранции за безбедно одржување на мечевите, серијата нема да продолжи.
Панатинаикос и Олимпијакос во наредниот период ќе одржат средби со владините претставници за да се обидат да најдат решение и да создадат услови за безбедно одржување натпреварите и во ОАКА и во Салата за мир и пријателство (SEF). Ако преговорите не бидат успешни, финалето ќе биде целосно прекинато, потврди Маринакис.