Дома Фудбал Каква сензација: Аутсајдер стана шампион на Аргентин – еден под еден ги исфрлуваше гигантите!

Каква сензација: Аутсајдер стана шампион на Аргентин – еден под еден ги исфрлуваше гигантите!

Неверојатно чудо се случи во Аргентина предходната вечер, кога Платенсе успеа да испише историја, освојувајќи го шампионскиот трофеј за прв пат по 120 години, по убедливата победа над Уракан со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клучниот миг на мечот се случи во 63. минута, кога Гвидо Маинеро со феноменален волеј успеа да ја смести топката во мрежата, предизвикувајќи ерупција од радост на навивачите на Платенсе.

Дефинитивно, мал број луѓе слушнале за овој клуб освен вистинските познавачи на јужноамериканскиот фудбал.

Нивниот пат до финалето во Апертура беше фантастичен. Откако го завршија лигашкиот дел во групата Б на шестото место, во нокаут фазата ги елиминираа големите имиња како Расинг, Ривер Плате, Сан Лоренцо и на крајот Уракан.

Со својата прва титула како шампиони на Аргентина, и првиот голем трофеј во витрините на клубот, Платенсе следната сезона за прв пат ќе игра во групната фаза на Копа Либертадорес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…