Дома Останати Ракомет Искри во Охрид: Лазаревски го турна Атанасијевиќ, Хосни ги загуби нервите (Видео)

Искри во Охрид: Лазаревски го турна Атанасијевиќ, Хосни ги загуби нервите (Видео)

Во дербито што денеска се одигра во Охрид помеѓу Пелистер и Вардар, како реприза на финалето од Купот на Македонија, уште во раната фаза на натпреварот дојде до тензија на теренот. Инцидентот се случи во 13-тата минута, откако Лазаревски од редовите на Вардар влезе во остар дуел со Атанасијевиќ.

Во обид да се избори за подобра позиција, Лазаревски го турна играчот на Пелистер, по што веднаш реагираше Хосни со бурна реакција, која доведе до моментална турканица меѓу играчите на двете екипи. Сепак, благодарение на брзата интервенција на судиите и останатите играчи, ситуацијата беше смирена пред да прерасне во посериозен инцидент.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


 

 
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Големо засилување во Охрид: Пристигна ракометар на Вардар!

ГРК Охрид го претстави новото засилување за следната сезона, во своите редови го доведоа с…