
По извесно колебање, голманот на Еспањол Жоан Гарсија сепак прифатил да премине во Барселона, пренесуваат новинарите како Фабрицио Романо, Матео Морети и Бен Џејкобс. Во овој случај, шпанскиот шампион ќе ја активира откупната клаузула од 25 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Така, Гарсија се откажува од можноста да ја продолжи својата кариера во Арсенал, Манчестер Јунајтед и Астон Вила, кои исто така покажале интерес за него.
Стражарот е 24 годишен, израснат во школата на Еспањол и играл само за овој клуб. Тој направи исклучително силна сезона, во која имаше клучна улога во опстанокот на Каталонците во елитата.
Веста за неговиот претстоен трансфер во Барса само ќе ги засили шпекулациите дека Марк-Андре тер Стеген може да биде продаден уште сега.