Дома Фудбал Анчелоти: Бразил ќе игра како Реал Мадрид

Анчелоти: Бразил ќе игра како Реал Мадрид

Кarlo Анчелоти, новиот селектор на Бразил, во интервју за Марка ги објасни причините за напуштање на Реал и ги откри плановите на новата позиција.

“Резултатите не беа согласно нашите очекувања, а и играта не беше добра, па моравме да реагираме. По испаѓањето од Арсенал, помисливме дека е најдобро да си одам”, изјави Анчелоти за напуштањето на клупата на Реал.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На прашање зошто го презеде Бразил, Анчелоти даде едноставен одговор.

“Лесно. Бразил е најдобрата репрезентација на светот. Тоа го кажуваат петте ѕвезди на дресот. Моја задача е освојување на шестата светска титула”, истакна Анчелоти и даде јавно ветување на навивачите на Бразил.

“Мојот Бразил ќе игра како Реал Мадрид, но не како овојгодишната екипа, туку како онаа од минатата година. Тоа е мојата визија”, потенцираше Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид заинтересиран за – освојувач на „Златната топка“

Реал Мадрид вложи 178 милиони евра во доведувањето на Деан Хујсен, Трент Александар-Арнолд…