Дома Моторспорт Тешки зборови на поранешниот шампион: Леклер засега е подобар од Хамилтон

Тешки зборови на поранешниот шампион: Леклер засега е подобар од Хамилтон

Ферари не се снајде најдобро во текот на петокот на патеката Каталуња, а некој кој тоа го следи одблизу е и поранешниот светски шампион Нико Розберг.

Во улога на коментатор во тимот на Скај Спорт Ф1, Розберг за време на вториот слободен тренинг сподели прилично загрижувачка оценка за настапот на Ферари.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Според неговите зборови, болидот на Скудерија изгледа исклучително тешко за возење – особено во рацете на Луис Хамилтон.

Шарл Леклер беше подобро пласираниот возач на Ферари на вториот тренинг, завршувајќи на петто место во поредокот.

Сепак, ниту тоа не беше доволно да ја загрижи конкуренцијата – Леклер доцнеше половина секунда зад најбрзиот Оскар Пиастри.

Хамилтон, пак, беше уште побавен – заврши на 11. место, заостанувајќи неколку десетинки зад Леклер.

Во Ферари се надевале дека контролата на ФИА врз флексибилните крила ќе ја наруши рамнотежата кај конкурентите и на тој начин ќе им помогне да го фатат чекорот.

Меѓутоа, според сè изгледа, работите се вратени во состојбата каква што беше пред Монако.

Моментално заостануваат зад водечката тројка – Мекларен, Ред Бул и Мерцедес.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Корина случајно покажа во јавноста фотографија од Шумахер која досега не е видена (Фото)

Информациите за неговата состојба се објавуваат многу ретко, бидејќи семејството, предводе…