Дома Фудбал Oфицијално: Ливерпул го потврди големото засилување!

Oфицијално: Ливерпул го потврди големото засилување!

Екипата на Ливерпул го потврди трансферот на Фримпонг кој пристингува од Баер Леверкузен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новоангажираниот Фримпонг за првпат за сајтот сподели: „Трансферот се одвиваше навистина лесно. Ливерпул покажа интерес, и за мене тоа беше очигледен избор.

„Им реков на моите агенти: ‘Без разлика што ќе треба, ова мора да се договори.’

„Навивачи на Ливерпул, ќе го дадам целосниот мој ангажман, мојата енергија, и надеж дека заедно ќе победиме, ќе славиме, и ќе ги постигнеме сите наши цели.

„Возбуден сум што сум тука. Ви благодарам што ме прифативте и нема да ве разочарам, ќе ја пружам енергијата што ја барате.“

Овој поливалентен играч за десната страна пристигнува на “Енфилд” откако помина четири и пол сезони во Германија со Леверкузен, каде што одигра 190 натпревари, постигна 30 голови и даде 44 асистенции.

Фримпонг беше дел од тимот на Леверкузен кој ја испиша историјата со освојувањето на Бундеслигата и ДФБ-Покал во сезоната 2023-24, завршувајќи го својот рекорден непоразен низ од 51 натпревар во финалето на Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ули Хенес: Барсенало нема пари за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го пофали Хари Кејн. Зошто проблемот со …