
Репрезентацијата на Македонија ја очекуваат два натпревари во кои ќе играме со Белгија и Казахстан.
Фудбалерот од средниот ред Тихомир Костадинов, кој ги брани боите на полски Пјаст, вели дека атмосферата во тимот е одлична и дека се работи посветено во насока на што подобра подготовка.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
„Иако сме на крајот од сезоната, тоа важи и за нашите противници. Имаме повеќе време за подготовка од вообичаено и сигурен сум дека ќе го искористиме на најдобар можен начин. Свесни сме дека испуштените бодови против Велс може да не чинат многу, но сега имаме нова шанса за поправен“, изјави Костадинов.
Тој нагласува дека мотивацијата никогаш не е проблем кога се носи дресот на Македонија.
Без разлика во кој период се игра, кога станува збор за репрезентацијата сите сме максимално мотивирани. Селекторот од нас бара целосна ангажираност и подготвеност, а ние ќе го дадеме максимумот.
Говорејќи за противникот од првиот меч, Белгија, Костадинов има јасен став:
Иако сега можеби немаат толку звучни имиња како претходно, Белгија и понатаму е една од најсилните селекции во светот. Имаат врвни фудбалери кои играат во најсилните европски лиги и нема потреба да се сомневаме во нивниот квалитет.