Дома Фудбал Анчелоти: Мојот Бразил ќе игра како Реал Мадрид

Анчелоти: Мојот Бразил ќе игра како Реал Мадрид

Бразил го посакуваше Анчелоти уште пред две години, но Италијанецот сакаше да го води Реал Мадрид, кој оваа сезона загуби во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал со вкупен резултат од 1-5, поради што не успеа да ја одбрани минатогодишната титула, а не ја одбрани и титулата на првак на Шпанија, додека во финалето на Купот загуби од новиот првак Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поранешниот тренер на Реал Карло Анчелоти изјави во интервју за Marca дека го напуштил клубот поради „неочекуваните резултати“, а потоа го презел Бразил затоа што тоа е „најдобрата репрезентација на светот“.

„Резултатите не беа онакви какви што очекувавме. Ниту играта на тимот беше добра. Беше време да се преземе нешто. По натпреварот против Арсенал, зборувавме за тоа и одлучивме. Тоа беше нешто што можевме да го предвидиме. На тимот не му одеше добро и тогаш сите разбравме дека за Реал Мадрид ќе биде најдобро да бара нов тренер, а за мене да се посветам на Бразил“, изјави 65-годишниот Анчелоти во петок во Бразил.

„Мојот Бразил ќе игра како Реал Мадрид, но не како овогодинешниот Реал Мадрид, туку како минатогодинешниот Реал Мадрид. Тоа е она што го посакувам“, заклучи тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Додека во Реал Мадрид последниве денови се зборува за конфликти, напнатости и проблеми во …