Дома Фудбал Гвардиола гради моќен тим: Сити купува еден од најдобрите фудбалери во Серија А

Гвардиола гради моќен тим: Сити купува еден од најдобрите фудбалери во Серија А

Манчестер сити сака најголемиот дел од своите летни трансфери да ги заврши пред почетокот на Светското клупско првенство, истакнуваат англиските медиуми. По резултатски неуспешната сезона и победата само во Комјунити Шилд, во клубот од Етихад е заклучено дека ќе биде потребно да се доведат нови играчи. Обновата на ростерот започнува брзо и се очекува да биде завршена во поголем дел во следните недели.

„Определивме кои се нашите таргети, на кои позиции, и имаме јасна опција број еден и број два. Започнуваме со работа. Целта е да имаме нов тим за Светското клупско првенство”, изјави претседателот на клубот Халдун Ал Мубарак.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се очекува првиот потврден трансфер да биде Тиџани Рејндерс. Холандскиот интернационалец и играч од средината на теренот на Милан остави силен впечаток во Италија оваа сезона и покрај тоа што Милан заврши на осмото место. Тој беше прогласен за најдобар играч од средината на теренот во Серија А, а Сити е заинтересиран за негово доведување. Се очекува дека овој трансфер би можел да го чини Сити околу 65 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна трансформација: Фудбалерот на Баерн покажа како му изгледаат нозете пред повредата

Еден од најдобрите леви бекови во светот, Алфонсо Дејвис, се опоравува од сериозна повреда…