Дома Фудбал Милан потпиша со Макс Алегри

Милан потпиша со Макс Алегри

Масимилијано Алегри повторно е тренер на Милан, откако потпиша договор со клубот порано денеска, пренесе Фабрицио Романо.

Договорот е за три години (2+1 според “Скај”) со плата од 5 милиони евра. Тој го зазема местото на Сержио Консеисао, кој ќе биде ослободен. Се очекува само потврда од “Сан Сиро” за промената.

Така Макс Алегри се враќа на местото на водечкиот тренер на Милан, кој го однесе до титулата во сезоната 2010/11 и Суперкупот на Италија во 2011 г.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино оди по нов мандат: Претседателот на ФИФА повторно се кандидира

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (Фифа) Џани Инфантино ќе се кандидира …