Дома Фудбал Битката за СП продолжува: Милевски денеска ги собра фудбалерите (Видео)

Битката за СП продолжува: Милевски денеска ги собра фудбалерите (Видео)

Македонија стартува со подготовки за Белгија и Казахстан – Милевски повика дебитант, тројца стандардни отсутни

Македонската фудбалска репрезентација денеска и официјално ги започна подготовките за претстојните квалификациски дуели против селекциите на Белгија и Казахстан во рамките на квалификациите за Светското првенство.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Селекторот Благоја Милевски вчера го објави списокот на повикани фудбалери, а меѓу имињата се најде и едно ново лице – дебитантот Стефан Деспотовски.

Првиот натпревар Македонија го игра на домашен терен, на 6 јуни против Белгија, со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Веќе на 9 јуни, нашата селекција ќе патува за Казахстан каде ќе го одигра вториот меч од јунискиот квалификациски прозорец.

Во првите две кола од квалификациите, „црвено-жолтите“ славеа над Лихтенштајн и ремизираа со Велс, резултати кои ја одржуваат надежта за пласман на големото натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубовите и навивачите разочарани кога слушнаа каде ќе се игра Светското клупско првенство во 2029 година.

Светското клупско првенство оваа година за првпат се играше во нов формат откако FIFA вове…