Дома Фудбал Меси и Суарез потсетија на најдобрите денови – противникот немаше решение! (Видео)

Меси и Суарез потсетија на најдобрите денови – противникот немаше решение! (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа тимот на ФК Монтреал на стадионот Чејс во МЛС лигата со резултат 4:2, при што уште еднаш блеснаа Лионел Меси и Луис Суарез со нивната маестрална игра.

Интер дојде до водство во 27. минута кога Меси во своето препознатливо движење се намести на левата нога на работ на шестнаесетникот и со неверојатен удар го погоди спротивниот агол за 1:0.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Се играше 68. минута, кога Меси дриблаше во шестнаесетникот на гостите, а потоа му асистираше на Суарез, кој сигурно го совлада голманот.

Само три минути подоцна, Уругваецот го искористи невниманието на противникот и постигна трет гол, а потоа, гостите одговорија со погодок на Сели.

Три минути пред завршувањето на натпреварот повторно на сцена стапија Меси и Суарез. Поранешното динамо на Барселона одработи двоен пас, а Меси во клучен момент го лобуваше голманот, завршувајќи ја магично победата. Конечните 4:2 ги постави Лотури во судиското надополнување.

Интер Мајами се наоѓа на шестото место во МЛС, додека ЦФ Монтреал е последен на 15. позиција. Во следното коло Интер ќе го пречека Коламбус Кру, а Монтреал ќе игра против Њу Ингланд Револушн.

Фото: Inter Miami C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватски агент договара интересен трансфер во Барселона

Зад Барселона е многу успешна сезона. Каталонскиот гигант освои двојна круна во Шпанија и …