Дома Фудбал Пелегрини: Играчите се скршени

Пелегрини: Играчите се скршени

Челси го победи Реал Бетис со 4:1 и ја освои Конференциската лига. Англичаните станаа четврти освојувачи на ова натпреварување по Рома, Вест Хем и Олимпијакос и станаа први во историјата кои освоиле Лига на шампиони, Европска лига, Конференциска лига и Куп на победници на купови. Натпреварот го коментираше тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Што се случи во второто полувреме? Игравме одлично прво полувреме, постигнавме гол, имавме уште неколку чисти шанси, но во вториот дел нѐ скршија повредите, на пример Абде, и повеќе не можевме да му се спротивставиме на Челси, а тие почнаа да ни се закануваат”, рече тој, па се осврна на големата поддршка:

“Навивачите беа неверојатни, за време на натпреварот и после него. Тоа најмногу нѐ боли, што не можевме да им го донесеме овој трофеј. Обезбедивме Европа за следната сезона, но морам да кажам дека повредите денес навистина нѐ погодија. Против толку моќен тим како Челси, тоа секогаш ве чини.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…