Дома Фудбал Ез Абде ја продолжи неверојатната серија во ЛК

Ез Абде ја продолжи неверојатната серија во ЛК

Ез Абде го отвори резултатот во корист на Бетис во финалето во Конференциската лига против Челси и на тој начин ја продолжи впечатливата серија во најважните натпревари од турнирот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалерот од академијата на Барселона постигна гол во трет последователен натпревар, откако беше прецизен и во двата полуфинални натпревара против Фиорентина.

Мароканецот даде предност на “вердибланкос” во дуелот на “Бенито Виљамарин”, кој беше добиен со 2:1, а потоа го постигна скапоценото погодување во продолженијата во Фиренца, со што го класираше Бетис за финалето.

Во текот на турнирот, Ез Абде има вкупно 5 голови во 14 натпревари, а за споредба во 32 натпревари во Ла Лига постигна само 2 голови.

23-годишниот напаѓач е поранешен фудбалер на Барселона. Бетис го купи од каталонците во 2023 година за 7,5 мил. евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатната сезона на Тер Штеген – стана шампион, но испадна и од лига

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген доживеа навистина необична сезона во шпанскиот фу…