Денес со почеток од 15:30 часот во германската Бундеслига беа одиграни пет натпревари и од нив дури три завршија со резултат 1:1.
Левркузен гостуваше во Аугусбург и овој натпревар заврши без победик. „Аптекарите“ оваа сезона не ја започнаа како што очекуваа, тие пред ова коло беа рангирани на деветата позиција, додека Аугусбург беше едно место подоле. Домаќините беа подобриот противник во овој натпревар, но сепак гостите од Леверкузен успеаа да извлечат бод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата погодоци беа постигнати на стартот на вториот дел, Кевин Воланд погоди за „Аптекарите“, додека Дансо само две минути подоцна го изедначи резултатот.
Аугусбург во следното коло го очекува тежок натпревар против Баерн Минхен на гостински терен, додека Левркузен го пречекува Лајпциг.
Шалке ја продолжува добрата серија од пет средби без пораз во кои има три победи и две нерешени средби. Во денешниот натпревар против Фрајбург тие запишаа минимална победа со голот на Калигури во 62 минута од средбата.
Во останатите натпревари Лајпциг со 2:1 го совлада Хановер, средбата помеѓу Менхенгладбах и Мајнц заврши без победник 1:1 додека Хамбургер го совлада Штугард со 3:1
Овие пет натпревари беа само загревање за она следи за нешто повеќе од еден час. Со почеток во 18:30 часот се игра големото дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.