Дома Фудбал Видео: Полицијата со солзавец ги растера навивачите на Бетис и Челси во жесток судир

Видео: Полицијата со солзавец ги растера навивачите на Бетис и Челси во жесток судир

Навивачите на Челси и Реал Бетис влегоа во судир пред финалето на Конференциската лига во Вроцлав (21 часот), што наложи интервенција од полската полиција, која употреби солзавец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Судирите се случија пред баровите, каде што навивачите фрлаа столици и други предмети, а насилството ескалираше до таа мера што полицијата мораше да реагира за да спречи понатамошни нереди.

Полицијата е присутна на местата каде што се собираат навивачите, а истражниот оддел спроведува активности за да ги идентификува учесниците во судирот.

Во изјавата на полицијата се наведува дека бројот на превентивни и оперативни сили на улиците е толку голем што сите можат да почувствуваат сигурност.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Погба замина од Монако!

Иако имаше договор до јуни 2027 година, одлучено е по спогодба да се раскине договорот пом…