Дома Фудбал Убава вест: Сите натпревари од Првата лига наредната сезона ќе ги гледаме во директен пренос!

Убава вест: Сите натпревари од Првата лига наредната сезона ќе ги гледаме во директен пренос!

Македонскиот фудбал добива нов импулс, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, најави дека од наредната сезона сите шест натпревари од едно коло во Првата македонска фудбалска лига ќе бидат емитувани во живо.

Според планот, по три натпревари ќе се пренесуваат на спортските канали на „Арена спорт“, додека останатите три ќе одат во директен пренос на Македонската радио-телевизија (МТВ).

Оваа новина е чекор напред во приближување на домашниот фудбал до навивачите и пошироката публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвена да го продаде Кунде, Ливерпул и Јунајтед во трка

Барселона е подготвена да слушне понуди за Жул Кунде, што ги става Ливерпул и Манчестер Ју…