Дома Фудбал Анчелоти објасни зошто Нејмар не е повикан во репрезентацијата и му испрати јасна порака

Анчелоти објасни зошто Нејмар не е повикан во репрезентацијата и му испрати јасна порака

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти вчера го соопшти првиот список на репрезентацијата на Бразил откако беше избран за селектор, а во центарот на вниманието е одлуката да не го повика Нејмар. Анчелоти објасни зошто Нејмар остана без повик, но му прати и јасна порака за идните собири.

Анчелоти вечерва официјално потпиша договор со репрезентацијата на Бразил и беше претставен како нов селектор на оваа селекција, а веднаш потоа го соопшти првиот список.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


На Бразилците на почетокот на јуни им претстојува продолжување на квалификациите за Светското првенство и натпреварите против Еквадор и Парагвај, па доскорешниот тренер на Реал Мадрид извика листа на фудбалери на кои ќе смета на овие натпревари.

Иако штотуку пристигна на селекторската позиција, Анчелоти веќе успеа да предизвика лавина коментари од бразилската јавност поради фактот дека не повика некои од ѕвездите.

Во прв план се најдоа Нејмар и Родриго кои не добија повици. Родриго остана без повик бидејќи моментално е повреден, и во договор со Анчелоти се одлучи во наредните два натпревари да не игра.

Сепак, кога станува збор за Нејмар, многумина се надеваа на неговото враќање бидејќи конечно почна да покажува добри партии во дресот на Сантос, но исто така беше и тој повреден и штотуку се врати на теренот.

„Верувам во Нејмар и многу сметам на него. Сакаме да се врати во што подобра форма и физички да биде максимално подготвен за Светското првенство. Можно е веќе на следното собирање да добие повик ако сè биде како што треба“, кажа тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…