
Помина уште една сезона за Јунајтед, но ова беше сезона на разочарување. Без трофеи, без излез во Европа, неизвесноста им тежи, пред сè поради големите финансиски загуби. Следува продажба на фудбалери, оние кои на кои Рубен Аморим не смета, а ќе видиме дали некој од клучните играчи како Бруно Фернандеш ќе замине. Тој има понуда од Саудиска Арабија, но засега нема информации дека неговиот соиграч е подготвен да се ослободи од него.
Сепак, “Црвените ѓаволи” веќе почнуваат со нови засилувања. Првото е сигурно, а не е изненадување – Матеус Куња пристигнува на „Олд Трафорд“. Бразилецот од Вулверхемптон беше цел на Јунајтед, неговата клаузула од 62.5 милиони фунти ќе биде активирана и поранешниот играч на Лајпциг, Херта и Атлетико доаѓа во Јунајтед. Минатата сезона постигна 15 голови во ПЛ и помогна “Волците” да останат над опасната зона.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Кој ќе му препушти место?
Тешко е да се каже, во клубот не се задоволни од Хоилунд, но ќе биде тешко да си го вратат и половина од вложените средства во данскиот репрезентативец.
Многу офанзивци се на продажба, Куња треба да ја земе “десетката” на Рашфорд. Рашфорд е на позајмица во Вила и ниту тој, ниту Антони кој имаше одличен пролетен период во Бетис, ниту Санчо нема да добијат втора шанса. Но, со оглед на нивните плати, тешко е да се продадат. Зиркзе останува, Гарначо е незадоволен, но Диало и Доргу се сигурни.
Од останатите линии на тимот, Ериксен, ветеранот Еванс, можеби и Шо, кој има висок договор, ќе го напуштат клубот. Линделоф исто така веројатно заминува, исто и Каземиро кој може да биде привлечен во Саудиска Арабија. Пред почетокот на новата сезона ќе има доста промени.