Дома Фудбал Модриќ може да бира – понудена му била улога во Реал Мадрид!?

Модриќ може да бира – понудена му била улога во Реал Мадрид!?

Флорентино Перез побара од Лука Модриќ да остане во Реал Мадрид по Светското клупско првенство. Претседателот на Реал бил многу емотивен при збогувањето на Модриќ од Сантјаго Бернабеу и му вети дека ќе има, ако одлучи да ја заврши кариерата, што е идеја на која Модриќ не размислува, место во клубот “во која било улога, затоа што го заслужил тоа”. Ова го наведува Defensa Central, шпански портал кој ги следи случувањата во Реал.

Желбата на капитенот на Реал е да ја води Хрватска на Светското првенство следната година и потоа да ја заврши кариерата со која може да се гордее малку кој фудбалер. Модриќ сакал да го продолжи договорот со Реал за уште една сезона, но ја почитува одлуката на клубот кој одлучил да започне нов циклус без него.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Бил подготвен на намалување на платата и прифаќање на помала улога во тимот, но во клубот заклучиле дека е подобро да се свртат кон младите играчи и да му се заблагодарат на Модриќ за сѐ што направил од 2012 година.

Тоа значи дека ќе го носи дресот на Реал и за време на Светското клупско првенство кое се одржува од 14 јуни до 13 јули во Соединетите Американски Држави. Потоа ќе одлучи што понатаму. За Реал одиграл 591 натпревар, постигнал 43 гола и асистирал за 95 голови. Со 28 титули е најтрофејниот играч во историјата на клубот основан 1902 година.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид најде ново засилување: Договара трансфеер од 60 милиони евра?

Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано можеби ќе ја смени средината веќе наредното лето. О…