Дома Фудбал Барселона се откажала од Мартинез? Флик се насочи кон друг голман – име што ќе изненади многумина

Барселона се откажала од Мартинез? Флик се насочи кон друг голман – име што ќе изненади многумина

Во оваа сезона, Барселона под водство на Ханси Флик изгледаше импресивно и освои дури три трофеи.

Нема време за одмор бидејќи летниот трансфер период е пред нас и ќе биде многу интересен.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Една од позициите во тимот на Барселона која германскиот тренер ја гледа како дефицитарна е голманската.

Оваа сезона прв голман беше искусниот Војчех Шченсни, а сега по повредата се врати и Марк Андре Тер-Штеген.

Шченсни е многу квалитетен голман, но е веќе во посериозни години (35) и Барса мора да се подготвува за иднината.

Од друга страна, Тер-Штеген имаше многу тешка повреда и ќе му треба време за да ја врати формата на нивото кое заслужува каталонскиот клуб.

Поради сите овие причини, Флик и раководството на Барселона летово ќе тргнат по нов голман, и имаше разговори дека тоа ќе биде Емилијано Мартинез од Астон Вила.

Сепак, Барселона се откажала од Мартинез и се сврте кон друга опција, имено голманот Жоан Гарсија.

Гарсија пред неколку дена наполни само 24 години и му се предвидува блескава кариера во фудбалот.

Моментално брани за екипата на Еспањол каде што ја започна својата кариера, а оваа сезона покажа одлична форма.

Она што го одликува шпанскиот голман е неговата висина (191 см) и добрата игра со нога, што многу тренери го бараат во модерниот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ ги избра најдобрите петмина во историјата: Ги нема Меси и Кристијано!

Лука Модриќ ги издвои своите пет најголеми фудбалски икони на сите времиња. На неговата ли…