Дома Фудбал Рома ги става сите карти на Фабрегас!

Рома ги става сите карти на Фабрегас!

Поранешниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас е водечки кандидат за тренер на Рома која по заминувањето на Клаудио Раниери сака по секоја цена да го реши прашањето за шеф на стручниот штаб за следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Ако по ланското враќање на Комо во Серија А имаше и сомнеж дека Фабрегас има потенцијал, дебитантската сезона во елитното друштво на италијанскиот фудбал сè расчисти.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Шпанија и некогашен ас на Арсенал, Барселона и Челси е способен да се обиде во уште поголем клуб од тековниот покрај живописното езеро, а Рома сега покажува најголема желба да го донесе.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Фабрегас е по мерка на семејството Фридкин, кое управува со Рома, согласност дал и Раниери, но важен фактор ќе биде и намерата на Комо да го задржи Шпанецот кој само што почнал да учествува во еден од симпатичните проекти во Италија.

Информациите кои доаѓаат од Италија се спротивставени. Започнувајќи од практично веќе постигнат договор до демантирање од Ломбардија, но тоа не ја намалува вистината дека Фабрегас е интересен за Рома и дека “волчицата” ќе направи сè да го доведе.

Планот “Б” досега не се назира па Рома изгледа ќе ги стави сите карти на Фабрегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка настаната секунда пред нападот во Ливерпул: Напаѓачот во расправа со луѓето, во бес додава гас

Светот со неверување ги следи страшните сцени од Ливерпул каде што за време на славјето по…