Дома Фудбал Сити, Челзи и Њукасл се изборија за билет во Лигата на шампиони

Сити, Челзи и Њукасл се изборија за билет во Лигата на шампиони

Спуштена е завесата на сезоната во Премиер лигата каде одамна се знаеше дека Ливерпул е шампион, а место во ЛШ денес изборија Сити, Челзи и Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исклучително возбудливо беше во борбата за билет за Лига на шампиони каде пет тима се бореа за три места,

Манчестер Сити на гостувањето кај Фулам му беше потребна победа и независеше од друг резултат. „Граѓаните“ рутински дојдоа до трите бода со победа од 2:0.

Челзи во директниот дуел успеа да го добие Нотингем Форест на гостувањето со 0:1 и заврши на 4-то место на табелата.

Возбудливо беше на „Сент Џејмс Парк“ каде Њукасл неочекувано беше поразен од Евертон со 0:1. Меѓутоа, „чавките“ успеаа да завршат на 5-то место благодарение на победата на Манчестер Јунајтед над Астон Вила на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Незапамтена трагедија: Загина работник на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона

Голема трагедија се случи во петокот на градилиштето на стадионот „Камп Ноу“, каде што во …