Дома Фудбал Перез плачеше за време на збогувањето на Модриќ и говорот на Анчелоти (Видео)

Перез плачеше за време на збогувањето на Модриќ и говорот на Анчелоти (Видео)

Емотивна сцена на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го одбележа збогувањето на Карло Анчелоти, кој срдечно се заблагодари на сите кои беа дел од неговиот пат во Реал Мадрид.

Италијанскиот стратег потсети на најсветлите моменти од својата кариера во “кралскиот клуб”, од историските пресврти до незаборавните голови на своите играчи, додека навивачите од трибините со солзи го поздравуваа својот тренер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Добар ден на сите. Не мислете дека е лесно денес да го зборувам ова. Ми беше чест и задоволство да го водам овој клуб, овој тим. Пред сè, сакам да му се заблагодарам на мојот драг претседател, Флорентино. Беше фантастично, благодарам ви за овие моменти. Беше извонредно да го проживеам сето ова со вас – рече Анчелоти.

Неговите зборови не го оставија рамнодушен ни претседателот Флорентино Перез, кој, видливо вознемирен, ги сподели емоциите со целиот стадион.

Фотографија: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…